Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот на преподобен Наум Охридски (05.01.2007)

Во манастирот на свети Наум Охридски, по повод празникот на преподобен Наум Охридски, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија во присуство на многуброен верен народ.

 

 

            

 

„Соединувајќи се со Христа, си го оставил светот; живеејќи со дух, телото си го распнал, преблажен Науме. Си се стремел како апостолите да се подвизуваш и безбројното мизијско множество во верата си го вовел. Така и нас со твоите молитви избави нѐ од искушенија“ (тропар на преподобен Наум Охридски)