Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Возобновениот манастир близу Злетово го прослави својот светител Спиридон Чудотворец (26.12.2006)

Во Брегалничкта епархија, близу до Злетово, во местото наречено “Пирог”, постои манастир што е посветен на светиот Спиридон Чудотворец, светител од IV век, роден на островот Кипар, кој живеел многу смирен и скромен живот и кој заради своето благочестие бил избран за епископ во градот Тримифунт. Тој учествувал на I Вселенски собор во Никеја и со своето просто но јасно исповедување на верата како и со моќните чуда повратил многу еретици во православието. Се упокоил во 348 година. Бидејќи овој светител се прославува на 25 декември, Митрополитот Брегалнички г. Иларион на тој ден во манастирот отслужи Света Литургија, на којашто присуствуваа голем број верници.

 

 

                     

 

 

 

 

                                 

 

 

На местото на сегашниот возобновен манастир некогаш постоел стар манастир, кој датира од XIV век и овде скоро 120 години не била служена Литургија. Возобновениот манастир скоро целосно е завршен. Фреските и иконостасот се завршени, меѓутоа се чекаат завршните работи во новите конаци покрај манастирот за да се преосвети манастирот и да се осветат конаците. Во конаците постои параклис посветен на Покровот на Пресвета Богородица.

Овој манастир е метох на манастирот на свети Гаврил Лесновски и неговата изградба беше започната по иницијатива на братството на манастирот на свети Гаврил Лесновски и тогашниот игумен на манастирот, а сегашен Митрополит Брегалнички, г. Иларион, но по дамнешна желба и аманет на Епископот Велички Гаврил Светогорец да се возобнови манастирот и да се продолжи традицијата на чествување на овој Чудотворец.