Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Кочани (10.12.2006)

На 09.12.2006 година Неговото Високопреосвештенство, Мирополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Мирополитот Брегалнички г. Иларион со голем број на свештенослужители од Брегалничката епархија отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот на светиот великомаченик Георгиј во Кочани. По Светото Евангелие, Митрополитот г. Петар одржа празнична беседа. На крајот од Светата Архиерејска Литургија, Митрополитот г. Иларион на Митрополитот г. Петар му заблагодари за заедничкото сослужување, а посебно за упатените пораки кон многубројниот народ за тоа како треба да се чува светата православна вера со посебен акцент за православието и автокефалниот статус на нашата Света Македонска Православна Црква. По повод 25-годишниот јубилеј од архиерејската хиротонија Владиката Иларион му подари на Митрополитот Петар ’мало облекување’ за молитвено спомнување на православнот верен народ од Брегалничката епархија. По ова се изврши литија и беше благословен празничниот колач.