Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Масовна крштевка на Матка (18.09.2006)

Во саботата, на 16 септември 2006 год., повеќе од триста верни ја примија православната вера крштевајќи се во водите на реката Треска крај древниот манастир посветен на Успението на Пресвета Богородица на Матка крај Скопје. Чинот на Светото Крштение започна со Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Велешки г. Агатангел во присуство на Архиепископот Охридски и Македонски  г.г. Стефан. По светото Миропомазание и пострижувањето, службата продолжи во манастирскиот двор, кадешто верните се причестија со Светите Тајни Христови. По крштевањето беше подготвена трпеза на љубовта.