Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Осветен и положен камен темелник за нова црква во с. Ложани (18.07.2006)

На 15 јули 2006 година, на денот кога светата Православна Црква го прославува споменот на положувањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахерна, Владиката Дебарско-кичевски и Плаошко-струшки г. Тимотеј изврши осветување и го положи камен темелникот за изградба на нова црква во с. Ложани - Струшко архиерејско намесништво.

 

 

             

 

 

Црквата која ќе се гради во чест на празникот Преполовение на Педесетница - настан кој православната икона го забележала во ликот на младиот Христос, Кој ги поучува свештенослужителите, книжниците и фарисеите во Соломоновиот храм (Лука 2, 40-52). 

На осветувањето сослужуваа: архиерејскиот намесник на Струга протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, старешината на струшкиот соборен храм прота Темелко Донески, парохискиот свештеник Ристе Наумоски, како и свештеникот Игор Никовски. На осветувањето присуствуваа голем број верници од селото, од градот Струга, како и наши иселеници кои по потекло се од ова село. Најмногу од нив се иселени во Австралија. Тие приоѓаа кон иконата на Преполовение и целивајќи ја оставаа дар за поскорешна изградба на овој свет храм.

По завршувањето на ово свет чин Владиката заедно со свештенослужителите се упатија во посета на селската црква, која што е посветена на на свети Власиј.

 

 

           

 

известува: о. Игор Никовски