Vesti i nastani
 
 
 
 
 

На празникот на Светиот великомаченик Георгиј, Архиепископот г.г. Стефан отслужи Божествена Литургија во манастирот на Свети Георгиј во New Jersey (09.05.2006)

На 6 мај 2006 година, на празникот на светиот великомаченик  Георгиј Победоносец, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Епископот г. Методиј, администратор на Американско-канадската епархија и протоѓаконот професор Димитар Белчовски, отслужи Света Архиерејска Литургија во манастирот на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, кој е составен дел од црквата на светите Кирил и Методиј во New Jersey.

 

 

                    

 

 

 

 

                      

 

 

 

            

 

 

 

 

 

На Светата Литургија протоерејот Слободан Петковски беше произведен во протоереј-ставрофор и му беше доделен граден крст. По Светата Литургија се одржа сенароден пикник по повод храмовата слава на манастирот.

 

Предходниот ден, на 5 мај 2006 година, делегацијата ја посети црквата на Свети Кирил и Методиј, во која одржа Вечерна богослужба а потоа имаше средба со црковниот Управен одбор.