Vesti i nastani
 
 
 
 
 

Неговата Светост, Патријархот Алексиј се сретна со амбасадорот на Р. Македонија во Русија (25.02.2006)

 

На 22 февруари 2006 г., во работната резиденција на улицата „Чистый переулок“ во Москва, Неговата Светост Патријархот Алексиј II се сретна со вонредниот полномошен Амбасадор на Република Македонија во Русија, г-динот Ристо Никовски.
Патријархот Алексиј
II го поздрави г-динот Никовски и напомна дека решавањето на проблемот на Македонската Црква е мошне важна и неодложна задача што стои како пред Српската Црква така и пред раководството на Република Македонија.  

 „Јас повеќепати го нагласував мојот став во однос на тоа прашање,“ рече Патријархот Алексиј II, „исто така и во посланието упатено до Неговата Светост, Патријархот Павле, и во интервјуто дадено за македонскиот дневен весник „Дневник“. Се надевам дека со Божја помош проблемот ќе биде решен.“ 

 

(„Кога Патријархот Павле ми се обрати со идејата дека има во вид проект за создавање на некаква ерархија „паралелна“ на Македонската Црква, одговарајќи го посоветував да не го прави тоа, но со сите сили и средства да го сочува црковното единство. „Паралелната“ ерархија е пат кон продлабочување на расколот.“ – цитира официјалниот сајт на Московската Патријаршија во написот на 1 јуни 2005 г. http://www.patriarhia.ru/db/text/20415.html. „Прашањето за статусот на Црквата во Македонија не треба да се решава без Српската Православна Црква, од која се одделија македонските епархии, но притоа треба да се почитува мислењето на целата православна полнота. Можеби користењето на определбите ’самостојна’ или ’самоуправна’ Црква би помогнало преговорите да излезат од ќорсокак и би придонесло да се надмине сложената ситуација.“ „Ние сме свесни дека Белград и Скопје имаат различни погледи на овој проблем. И Руската Православна Црква во овој случај не е повикана да игра улога на судија. Таа може само да даде братски совет и го прави тоа - и во дијалогот со српската и во дијалогот со македонската страна. Сметаме дека и покрај тешката ситуација, која настана откако во затвор се најде еден од ерарсите на Српската Православна Црква, можностите за преговори не се исцрпени и преговарачкиот процес мора да биде обновен.“ „Дневник“ 2961, 14 јануари 2006)

 

Амбасадорот Никовски му го честита именденот на Патријархот Алексиј II и ја изрази својата благодарност за тоа што Поглаварот на Руската Црква вложува напор за регулирање на проблемот на непризнаената Македонска Црква.  

преземено од официјалниот сајт на Руската Православна Црква:
http://www.patriarhia.ru/db/text/84510.html