Со Кого се соединуваме и со што сме удостоени?
 
 
 
 
 

Со Кого се соединуваме и со што сме удостоени? (08.03.2015)

Пристапувајќи кон Тајната, ние стануваме царски пурпур или, подобро кажано, царски Тело и Крв, се преобразуваме во Божји синови (о, какво чудо!), стануваме учесници во Божјиот блесок, кој тајно се излева над нас, и просветлувањето кое нѐ прави Божји помазаници и ни дава сила, согласно со Христовото ветување (Мат. 13, 43), при Второто пришествие на нашиот Отец да засветлиме како сонце, но само ако осквернатоста, која се наоѓа во душата на оној кој пристапува кон Светата Причест, не ја засени таа Светлина.

Поради сето тоа, не треба само однапред да се очистиме и на тој начин да пристапиме, туку и после тоа, кога ќе го добиеме овој Божји дар, да внимаваме на себе и да покажеме голема будност, за да бидеме над сите страсти и да ги направиме јавни сите добродетели на Оној Кој благоволил да престојува во нас врз на основа на подобието (сличноста) со Него. Самите себеси да си дадеме одговор: со Кого се соединуваме и со што сме удостоени, и, воодушевени од големината на дарот и величието на Неговата љубов кон нас, да ги усогласиме своите дела, зборови и мисли согласно со благата и угодна, и совршена Божја волја. Тоа е Крвта на Новиот Завет, т.е. Христовото Евангелие, бидејќи наследството е полноважно дури после смртта.

И како што големото ветување им припаѓа на оние кои ќе ја сочуваат светоста добиена преку Светата Причест, а тоа е ветувањето за Небесното Царство, така и голема казна ги очекува оние кои после примањето на тој дар, стануваат бесполезни.

Свети Григориј Палама