Вера во молитвата
 
 
 
 
 

Вера во молитвата (17.04.2013)

Нашата надеж дека ќе го добиеме она за што молиме за време на молитвата се темели на верата во Божјата добрина и дарежливоста, во Оној Кој е и Човекољубец, и така ние се потсетуваме на безбројните сведоштва за Неговата добрина и милост, како кон другите луѓе (во Светото Писмо и житијата), така и кон нас. Затоа, заради исполнување на молитвата, исто така, потребно е оној што се моли да знае дека и порано го добивал бараното и во тоа цврсто верувал од срце. Ние често го добиваме бараното после својата молитва, особено кога се молиме за спас на душите на нашите ближни. Тоа треба да Му се припишува само на Господ, на Неговата благодат, а не на каква било случајност. Зарем има место за случајност во Царството на Седржителниот Бог? Без Него, навистина ништо не е можно, како што без Него ништо не било, ниту ќе биде (Јован 1, 3). Многумина не се молат затоа што им се чини дека во молитвата кон Бога не добиле никакви дарови, или молитвата ја сметаат за непотребно дело; велат: „Бог знае сѐ, уште пред нашата молитва“ и забораваат, дека е речено: „Барајте и ќе ви се даде, тропајте и ќе ви се отвори“ (Матеј 7, 7). Нашите молби (молитви) се потребни токму заради зацврстување на нашата вера, единствената преку која се спасуваме: „Спасени сте со благодатта преку верата (Ефес. 2, 8); „О жено! Голема е твојата вера“ (Матеј 15, 28); Спасителот заради тоа и ја приморал жената многу да се моли, за да ја разбуди нејзината вера и да ја зголеми. Таквите луѓе не гледаат дека тие ја немаат верата, највредното наследство на христијаните, кое е неопходно за живот.

Исто така, потребно е во текот на молитвата, срцето да гори од желба за духовното богатство, љубовта кон Бога. Кога срцето јасно созерцува во целата Негова бескрајна благост кон човечкиот род, Тој е подготвен, со татковска љубов да ги чуе сите неговите молитви. Значи, „кога вие лошите, знаете да им давате добри дарови на своите деца, колку повеќе вашиот небесен Отец ќе им даде на оние кои Му бараат“ (Матеј 7, 11).  

 

Свети Макариј Оптински