Сакам да ви кажам: Не бидете рамнодушни!
 
 
 
 
 

Сакам да ви кажам: Не бидете рамнодушни! (30.06.2012)

Правете милостиви дела. Давајте милостина. О, кога би знаеле!... Тоа е нешто најголемо, бидејќи тоа значи дека љубиш. Човеку, ако вели: „Ќе примите сто пати по толку“, не се плаши дека ќе осиромашиш. Сакаш ли да се збогатиш? Давај! Но, зарем сакаме да се збогатиме?

Ме боли срцето за болниот.

Те боли ли срцето за него, воопшто? Се најдов пред еден просјак, кој беше без нога, на улица. И тој очекуваше да извадам од џебовите. Но јас немав ништо, се случи да немам ништо. Одев пешки, немав пари ниту за превоз. И му реков: „Брату, немој да ми се лутиш, но ти давам топла рака!“ – „О, отец, такво нешто никој не ми дал!“ И си реков: „Се снајдов! Победив!“ Ете, сакам да ви кажам: не бидете рамнодушни. И не чекајте да ги сретнете. Барајте ги. Барај ги, зашто кога ќе ги најдеш, си се пронашол себеси. Си се запишал таму, горе. Нема да те заборави Спасителот, не може да те заборави кога правиш милостиво дело. И откинувајте од себе по секоја цена. Сега, милостината не значи само да вадиш од торбата; имаш пријател кој страда, кој е тажен: „Зошто си тажен?“ Утеши го. И не го оставај. Тоа значи дека си направил милостиво дело кон него. И дај му збор за утеха: „Остави, тоа што почина отецот, остави, мил мој, бидејќи знае Бог. Немој да се исцрпуваш. Ајде биди спокоен, ајде да се помолиме за него, да му помогнеме таму (зашто можеме да му помогнеме, со нашиот начин на живот)“. И бидејќи ми побаравте полезно слово, ќе ви раскажам нешто.

Некој ученик бил лут бидејќи неговиот отец, кој бил во смртна постела, не го благословил за и тој да се спаси. Зборовите на благословот кој го примиле сите останати браќа, биле овие: „Спасувај се!“ И му рекле на отецот: „Ете, на послушникот не му кажа полезен збор“. – „Викнете го овде“. И тогаш отецот му рекол како што и јас сега вам ви кажувам: „Спасувајте се! Спасувајте се!“

 

Старец Арсениј Папaчок