Слово за младите
 
 
 
 
 

Слово за младите (14.02.2012)

А помладиот од нив му рече на татко си: „Татко, дај ми го делот од имотот што мене ми припаѓа!“ (Лука 15, 12). Приказната за блудниот син е најпоучна лекција за младите.

     Во блудниот син го гледаме вистинскиот карактер на безгрижната младина: лесноумни, непромислени, жедни за независност, накратко, сè со што се одликува поголемиот дел од младите. Помладиот син расте во куќата на родителите и достигнува адолесценција мислејќи дека неговиот живот во заедница е премногу ограничен. Мисли дека животот под раководство на неговите татко и мајка е непријатен.

     Сака да биде со своите другари кои себеси се предале на бучните светски задоволста. Тој одлучил: „Јас сум наследник на богатиот имот. Зар не би било подобро ако сега го добијам своето наследство? Би можел на друг начин да располагам со имотот, различно од она што прави мојот татко.“ Оттаму, лесноумната младина веќе е под влијание на светските задоволства и одлучува да го отфрли јаремот на послушанието и да се одвои од родителскиот дом.

     Денес многу се поттикнати од слични импулси и ако ги напуштат родителските домови, зар тие не се одвојуваат од домот на нивниот Небесен Отец, зар не се одвојуваат од послушанието на Светата Црква?

     Христовиот јарем и Неговите заповеди изгледаат тешки за незрелите умови. Тие мислат дека не е потполно неопходно да се следи она што учат Господ и Црквата Негова. Им се чини дека можат во исто време да Му служат и на Бога и на светот.

     Тие велат: „Ние сме веќе доволно силни да ги издржиме разорувачките искушенија и привлечностите. Можеме сами да се држиме до вистината и вистинските учења. Дозволете ни да ги нахраниме нашите умови со многу, најразлични видови знаења. Пуштете нè да ја зајакнеме нашата волја помеѓу искушенијата и замките. Низ искуството нашиот разум ќе биде убеден во валканоста на гревот!“

     Таквите желби не се ништо подобри од наразумно поставеното барање на помладиот син: „Татко! Дај ми го делот од имотот што мене ми припаѓа.“

     Денес имаме лесноумна младина која престанува да внимава на заповедите и советите на Светата Црква. Не ги проучуваат Божјите зборови и учењета на светите Отци и го насочуваат своето внимание кон „мудростите“ на лажните учители, на тој начин уништувајќи ги убавите моменти од своите животи.

     Тие одат во црква сè поретко или присуствуваат со помалку внимание, растроени. Немаат време да бидат побожни и да живеат добродетелно, зашто се презафатени со одење во кино, на журки итн. Накратко, се предаваат себеси на светот, сè повеќе и повеќе, секој ден, додека конечно не заминат во некоја далечна земја.

     Каква е последицата од таквото одвојување од Светата Црква? Иста како онаа кај одвоувањето на блудниот син од татковиот дом. Лесноумната младина многу брзо ги расипува  енергиите и талентите на својата душа и тело, уништувајќи го сето она што го направиле за овој живот и за вечноста. Во меѓувреме се појавува лоша болест на земјата – празнина и незадоволство – неизбежна последица од дивите задоволства. Се појавува жед за задоволство, која е уште повеќе зголемена со задоволување на ниските страсти, кои конечно не можат да се смират.

     Често се случува несреќниот љубител на светот да прибегнува кон лов она што е ниско и срамно, со цел да ги задоволи своите страсти, и сеуште не си доаѓа на себе, спротивно на блудниот син кој се враќа на патот на спасението, туку уште повеќе ја зголемува својата пропаст, привремена и вечна!