Порака на Старец Паисиј Светогорец
 
 
 
 
 

Порака на Старец Паисиј Светогорец (23.11.2010)

„Прво да веруваме во Бога, а потоа да Го љубиме Бога и Неговата икона – човекот. Верата се зголемува со молитва.“


„Како што разбрав, сето зло произлегува од неверието. Кога човекот не верува во Бога, сака овој живот да му помине во забава. Затоа и се предава на секакви гревови.“

 

„Човекот треба да проникне во подлабоката смисла на животот, зашто овој живот ни е даден да се подготвиме за оној другиот, вечниот. А потоа, како што на патникот за кое било одредиште му е потребен патеводител, така и за патувањето кон небесата човекот треба да си најде патеводител (духовник). Потоа духовникот ќе му го одреди ‘планот на патувањето’, малку читање, малку молитви, да ги избегнува поводите за согрешенија и световниот начин на размислување, што е најлошо од сè. А тогаш срцето ќе му биде во Христа.“

 

„Треба срдечно да се бориме за да се спасиме, за да не Го нажалиме Христа. Христос ќе ни рече: ‘Чедо мое, толку многу направив за да те спасам. Пролеав крв и поднесов толку страдања, а што направи ти за своето спасение?’“

 

„Секој човек треба да пронајде работа која ќе го осветува. Духовно напреднатиот човек ќе биде успешен каде и да се најде, било во брак, било во монаштво.“

 

„Нека ни бидат помили неволјите и да ги прифатиме поубаво отколку радостите. Горкиот лек е најчесто подобар од слаткиот, зашто исцелува. Вистинска радост се раѓа од болката.“

 

„Она што ги спречува луѓето во духовното напредување е мозокот, кој не им работи добро кога е во прашање духовна корист, туку само кога се во прашање секакви други работи.“

 

„Основата на духовниот живот е човекот да размислува за другиот, а себеси да се стави на последно место, да се смета себеси за ништожен. Кога ќе се ставиме во положбата на другиот и ќе го разбереме, тогаш стануваме Христови.“

 

Старец Паисиј Светогорец