Одбележан именденот на Патријархот Ерусалимски Теофил
 
 
 
 
 

Одбележан именденот на Патријархот Ерусалимски Теофил (02.04.2023 15:08)

На празникот на Светите Четириесет Севастиски маченици, на 22 март 2023 година, беше одбележан именденот на Неговото Блаженство Ерусалимскиот Патријарх г. Теофил, со служење на Света Литургија на претходноосветени дарови во црквата „Светите цареви Константин и царица Елена“, во Ерусалим.

Официјалното празнување на именденот на патријархот Теофил се одржа на 26 март 2023 година, во соборниот храм „Воскресение Господово“, каде со Светата Литургија чиноначалствуваше Патријархот во сослужение на митрополитот Киријак од Назарет, митрополитот Исихиј Капитолиски, митрополитот Венедикт Диосекарејски, митрополитот Николај Месогејски, митрополитот Теофан Гераски, митрополитот Дамаскин на Јафа, митрополитот Аристарх Константински, митрополитот Методиј Таворски, митрополитот Теодосиј Севастиски и митрополитот Димитриј Лидски.

Византискиот хор пееше со молитвено учество на бројни заедници на локални верници, како и конзулите на Грција и амбасадорите на Русија и Грузија.

Извор: Ерусалимска Патријаршија