Групна крштевка во Драч, Албанија
 
 
 
 
 

Групна крштевка во Драч, Албанија (04.09.2019 19:20)

Неодамна, Јадранското Море стана „голема осветена крстилница“, бидејќи 11 момчиња беа соединети со Христос во неговите води од страна на двајца свештеници на Албанската Православна Црква.

Момчињата учествуваа во камп организиран од Албанската Православна Црква, а Светата Тајна Крштение беше извршена од о. Герасим и о. Емануил, и од ѓаконот Спиридон.

„Со чисто и искрено срце тие постојано ќе се борат да изградат личен однос со Христос, во Црквата, со смирено прифаќање на Неговата волја. Овој однос не е само формален допир до Христос, туку својата полнота ја има во Светата Тајна Евхаристија“, рече о. Илија.

„Небесата се отворени и за овие деца. Сега тие може духовно да завладеат со самите себе.“

 

извор: http://orthochristian.com