Сензација во Кападокија: Пронајден е подземен град стар 5000 години
 
 
 
 
 

Сензација во Кападокија: Пронајден е подземен град стар 5000 години (09.01.2015 11:22)

Во Кападокија (Турција) откриен е нов подземен град стар 5000 години. Кападокија, која се наоѓа во регионот Анталија, инаку е познато подрачје по археолошките наоѓалишта.

Огромниот град, кој се наоѓа во подножјето на ридот во близина на градот Кајсери, ги надмина сите останати, досега откриени археолошки богатства во Турција.

Градоначалникот Хасан Унвер вели дека останатите подземни градови се „нула“ во однос на големината на најновооткриениот.

Градот е откриен за време на градежните работи и подготовки за изградба на станбена населба.

„Никој не знаел за тој град. Под земјата се наоѓаат 7 км тунели“, изјави за турските медиуми Мехмед Ерѓун Туран, раководителот на Агенцијата за градба.

Во подземниот град до сега се откриени 44 објекти.

Целиот коплекс сега е под заштита.

 

   

 

Извор: Светигора