Документарен филм „Православието на Британските острови“
 
 
 
 
 

Документарен филм „Православието на Британските острови“ (19.06.2014 13:28)

Документарниот филм „Православието на Британските острови“ премиерно беше прикажан вечерта на 18 јуни, на ТВ каналот Русија-Култура. Авторот на филмот е Митрополитот Волоколамски Иларион, а режисер ‒ Валериј Шеховцев.

Филмот ја прикажува историјата на Православието на Британските острови, преобраќањето во Православие на народот од овој Архипелаг, историјата на тамошните цркви пред поделбата на Истокот и Западот, како и сегашната состојба на Православната Црква во Велика Британија.

За филмот зборуваат епископи, парохиски свештеници као и обични парохијани – родени Британци, кои што го поминале тешкиот пат на враќање кон нивните духовни корени т.е. Православието. Особено внимание е посветено на православните богослови и духовници како што се Митрополитот Сурожски Антониј, архимандритот Софрониј Сахаров, Митрополитот  Диоклиски Калистос (Вер).

Извор: mospat.ru