Манастирот Ќелии – домаќин на свеченоста за паметење
 
 
 
 
 

Манастирот Ќелии – домаќин на свеченоста за паметење (19.06.2014 12:50)

Илјадници верни од цела Србија, земјите од регионот, како и од Грција, Русија, Германија, Швајцарија, САД, Австралија и други краишта од светот пристигнаа во манастирот Ќелии на празникот посветен на св. Ава Јустин, за да ја поделат свечената радост на заедницата по повод Преносот на моштите на новопретставениот Светител, кој три децении како духовник, научник, проповедник, со еден збор – сестран христијански ревнител творел во својата светиња. Прославувањето започна со бдение воочи празникот. На денот посветен на свети Ава Јустин Света Архиерејска Литургија отслужи Неговата Светост патријархот Српски г. Иринеј, во сослужение на Ваљевскиот Митрополит Милутин, Лимасолскиот Митрополит Атанасиј (Кипар), Месогојскиот и Лавреотискиот Митрополит Николај (Грција), Архиепископот на РЗЦ Марко (Берлин), како и уште 15 епископи на СПЦ, од земјата и странство, и бројното свештенство и свештеномонаштво од целиот православен свет.

По завршувањето на богослужбата, моштите на св. Јустин со литија беа пренесени во црквата посветена на свети Сава, света Марија Египетска и свети Јустин Философ, изградена според заветот на Авата и од продажбата на неговите книги, преведени на повеќе странски јазици. Додека не се заврши живописот, кивотот со моштите ќе биде во старата манастирска црква.

Земниот век на Ава Јустин беше обременет со неверие, прогон од комунистичката власт, околности тешки за СПЦ. За некои луѓе беше тешко разбирлив, а за многу голем патриот. Меѓу познавачите на теологијата е почитуван поради својата академска, опитна и подвижничка теологија. Од него прозилегоа илјадници страни мудри зборови: „Житија на светиите“, Патот на богопознанието“, „Догматика“...

 

     

    

 

Извор: Spc.rs