За Велигден помилувани 95 затвореници во Грузија
 
 
 
 
 

За Велигден помилувани 95 затвореници во Грузија (24.04.2014 22:22)

За прв пат годинава, грузискиот претседател, Неговата Екселенција г. Георгиј Маргвелашвили, донел одлука за помилување на 95 затвореници. На Велика сабота, г. Маргевашвили го потпишал указот со кој, по препорака на Комисијата за помилување, биле помилувани 95 од предложените 100 затвореници.

Дополнително, со одлука на Советот за казни и помилувања биле ослободени уште 69 други лица кои се наоѓале на издржување на затворска казна, а на друга група затвореници казните им биле намалени. Според информациите што ги пренесуваат грузиските медиуми, биле разгледани околу 770 случаи за помилување. Приоритет им бил даден на лицата кои биле позитивно оценети од затворската администрација.

На овој начин грузиските власти сакале да придонесат за што порадосно прославување на Светлото Христово Воскресение.

Извор: The Messenger Online, Trend.az