Патријархот Јован X: Решавањето на кризата бара политичко решение, дијалог и прифаќање на другите
 
 
 
 
 

Патријархот Јован X: Решавањето на кризата бара политичко решение, дијалог и прифаќање на другите (03.01.2014 18:58)

Во новогодишната беседа на Неговата светост патријархот на Антиохија и сиот Исток, г. Јован X, изречена во соборната црква „Пресвета Богородица“ во Дамаск, се вели дека мирното политичко решение, дијалогот без уцени и прифаќањето на другите е единствениот начин за разрешување на кризата во Сирија.

„Ние сакаме Сирија секогаш да биде татковина на единството, во којашто минарињата од џамиите ќе се среќаваат со црковните камбани, кадешто смирението и мирот ќе преовладеат, а не камшикот на тероризмот и заплашувањата“. Понатаму, тој рече дека Сирија е создадена за на светот да му излее светлина, а не таа да лее солзи за нејзините расселени чеда.

„Доста се војни, доста тероризам, доста расселувања… сите ние треба да работиме за спречување на пролевањето на невина крв“.

Патријархот произнесе молитви и молби и за Либан, потенцирајќи дека Либан не бил создаден за да биде газен од амбасадори, или да биде само уште една сцена на атентати и бомбашки напади. Исто така, молитвени прозби беа упатени и за Палестина, Ирак, Египет и сиот свет, за киднапираните епископи Јован Ибраим и Павле, монахињите и сираците од малулскиот манастир „Св. Текла“.

Извор: Syrian Radio & TV