Грчката Црква се дигитализира
 
 
 
 
 

Грчката Црква се дигитализира (28.12.2013 12:00)

Иако од многумина критикувана поради нејзината наводна технофобичност, Грчката православна црква во обид да ја намали својата бирократија, создаде комуникациска мрежа. Атинската Архиепископија навлегува во нова, дигитална ера од своето бирократско постење, при што барањата за црковни документи и сведителства, како Потврда за Свето Крштение или Венчание, ќе може да се поднесат онлајн.

Според грчкиот весник Елефтеротипија, проектот на дигитализација чинел 1.4 милиони евра, и истиот бил поддржан од фондовите на Европската Унија. Носител на проектот е Атинската Архиепископија, а неговото спроведување траело 9 месеци.

Во првата, пилот-фаза, на тестирање на софтверот се вклучени 10 од 166-те парохии во Атина. Парохјаните од овие парохии можат да поднесат онлајн барање за потврди за венчавка, крштевка, црковен развод и слично.

Црковните власти во Атина се надеваат дека програмата ќе биде проширена и на останатите парохии.

Извор: GreekReporter