Киевскиот Митрополит отслужи Божествена Литургија во инвалидска количка
 
 
 
 
 

Киевскиот Митрополит отслужи Божествена Литургија во инвалидска количка (15.11.2013 11:45)

Киевскиот Митрополит и на цела Украина Владимир отслужи Света Литургија во клиниката каде е примен на лекување. Поглаварот на Украинската Црква беше во инвалидска количка за време на богослужбата, која се отслужи по повод пристигнувањето на моштите на св. Георгиј во земјата, кои се чуваат во светогорскиот манастир Ксенофонт. Митрополитот Владимир не можеше да присуствува на нивното пречекување и затоа игуменот на светогорскиот манастир архимандрит Алексеј ја однесе светињата во болницата. Здравствената состојба на Киевскиот Митрополит е повод за многу коментари и обиди тој да биде сменет од функцијата. Сепак, Митрополитот се опоравува после секој болнички престој и не престанува да служи Литургии.

Извор: Двери.бг