Патријархот Кирил: „Признавањето на истополните ‘бракови’ води кон самоуништување на народот
 
 
 
 
 

Патријархот Кирил: „Признавањето на истополните ‘бракови’ води кон самоуништување на народот (25.07.2013 12:47)

Московскиот Патријарх и на цела Русија Кирил смета дека признавањето на истополните ‘бракови’ од страна на западните земји претставува знак за крајот на светот.

„Во последно време се соочуваме со огромни искушенија кога во некои земји определбата за грев се одобрува и оправдува дури и со закон, а оние што постапуваат според совеста и се борат против законот кој го наметнуваат оние што се помалку, подлежат на притисоци. Ова е многу опасен апокалиптички симптом и ние сме должни да работиме на тоа, гревот никогаш да не биде одобрен со закон на просторите на света Русија, затоа што тоа би значело дека народот стапнува на патот на самоуништувањето“, рече Патријархот после Службата во московскиот Казански храм. Според неговите зборови, денес, се вложуваат многу напори „да нѐ убедат дека слободата на изборот е единствената вредност и дека никој нема право да ја нарушува истата, дури и кога некој го избира злото, дури и кога некој го избира опасно општесвено однесување – само да не се нарушат нормите на граѓанскиот закон“. Меѓутоа, како што забележува Патријархот, не е тајна „колку е лесно сѐ да биде обоено со тие норми“.

„Ние знаеме дека никаков, дури ни најсовршениот закон не може да ги искорени криминалот, корупцијата, злото, лагите, конфликтите – нив може да ги искорени само човек кој слободно го избира доброто“, смета Неговата Светост.

Извор: Светигора