Грчкиот Архиепископ престојува во скит
 
 
 
 
 

Грчкиот Архиепископ престојува во скит (04.07.2013 12:34)

Атинскиот Архиепископ Иероним од вчера го започна својот одмор, кој ќе го помине во мал скит на висока карпа, оддалечен дестина километри од најблиското населено место. Манастирот „Светите Теодоровци“ во Залца во Беотија е древен скит, којшто самиот Архиепископ го возобнови уште додека беше Митрополит на Тива. Оттогаш тој секогаш го избира ова место за да се осами и одмори. Поглаварот на Грчката Црква ќе остане таму цел јули и почетокот на август. Во текот на тоа време тој речиси и нема да прима надворешни луѓе.

Скитот посветен на светите маченици Теодор Тирон и Теодор Стратилат е изграден на врвот на висока карпа, населена уште од 7 век пред Христос. Низ вековите таа била користена како караула за бродовите што влегувале и излегувале од Коринтскиот залив. Во времето на Источното Римско Царство во месноста живееле многу аскети, поврзани со древниот манастир „Св. Лука“. Тогаш и во подножјето на вискота карпа се населило мало братство, за што сведочат откриените келии во карпата и кладенецот. Во скитот се живеело до грчката револуција во 1821 г., после која тој бил напуштен. Во 1994 г. е возобновен, а на местото е изграден и центар за археолошки, историски и богословски истражувања.

Извор: Двери.бг