Се упокои Старецот Јустин Парву
 
 
 
 
 

Се упокои Старецот Јустин Парву (18.06.2013 12:29)

Во неделата, 16 јуни, се упокои архимандрит Јустин (Парву) од манастирот Петру Вода, еден од најпочитуваните духовници во Романската Православна Црква.

Отец Јустин е роден на 10 февруари 1919 год. во селото Поина Ларуилу, а во 1936 дошол во манастирот Дурау. На Богословија се запишал во 1939, а од 1942 до 1944 служел како воен свештеник на Источниот фронт. После војната е уапсен и лежи во комунистичките затвори од 1948 до 1964 год. После излегувањето од затвор живеел во манастирите Секу и Бистрица, а во 1991 го основал манастирот Петру Вода, каде бил игумен. Во 1999 год основал и женски манастир со болница и училиште.

 

 

Извор: Светигора