Поранешен талибанец од Авганистан прими Православие на Света Гора
 
 
 
 
 

Поранешен талибанец од Авганистан прими Православие на Света Гора (14.06.2013 15:49)

Ахмед се родил и израснал во авганистанско село. Детството му поминало во сиромаштија, изучување на исламските свештени писма и војна.

„Веќе не се сеќавам со кого војував, но тоа беше постојана војна“, спомнува тој.

Долги години работел кај талибанците. Бил фанатичен муслиман, припаѓал на радикалниот ислам. Во еден момент не можел повеќе да го поднесе таквиот живот – страдањето, сиромаштијата, насилството, болката и смртта. На 23 години тргнал преку непроодните планини на Пакистан во Иран. Единствениот негов „пасош“ бил заедничкиот јазик фарси. Две години работел без документи и на крајот пристигнал до крајбрежјето на Мала Азија во Турција, која што за него била вратата кон западниот рај.

Но пред девет години, за време на една зимска вечер, заедно со еден пријател на душек (на надувување) со две весла и неколку шишиња вода стигнале до островот Лезбос. За понатамошното нивно патување кон верата тој раскажува:

„Таму, на Лезбос, сретнавме возрасна жена во црно, забрадена со шамија – помисливме дека е муслиманка со дете. Мојот пријател зборуваше малку англиски, но таа не. Со гестови ни покажа на каде да одиме до асфалтираниот пат и ни даде малку пари за автобус. Стигнавме до пристаништето и седнавме на првиот брод до Пиреја. На излегување нѐ задржаа. После три месеца во еден мал центар за емигранти ни дадоа карта и тргнавме за Атина. Тука научив грчки јазик и работев на различни места, додека не најдов постојана работа во една фирма која се занимаваше со сончеви колектори. Ми плаќаа добро и се заложија за мене во Институтот за социјално згрижување, после што ги добив документите за политички азил. Работев во таа фирма во Атина шест години. За време на тие години во почетокот не влегував во црква, но како што поминував често покрај неа нешто ме влечеше внатре и почнав да одам. Станав поспокоен. Кога добро научив грчки, посакав нешто повеќе за дознаам за Христос. Прво најдов Нов Завет, но тој беше на јазик кој што не го разбирав (старогрчки). На крајот пронајдов еден на грчки и започнав да читам. Некој ми даде и филм за животот на Исус. Беше на персиски и разбрав сѐ. Ми остави голем впечаток, срцето ми се успокои. Решив дека сакам да станам христијанин.

Ја напуштив Атина кога фирмата се затвори и се премести во провинцијата. Најдов мал кварт во соседниот град. Во близината имаше и море. Толку го сакам грчкото море! Малку пред Пасха оваа година, 2013, решив да се крстам.“

Вечерта на 5 јуни во Хиландарската келија „Рождество на Богородица“ Ахмед Маруда стана христијанин. Тој го доби името Александар по светиот новомаченик Александар Солунски, кој пострадал во 1794 година и се нарекува „Дервишки“.

Извор: Двери.бг