Кипарската Црква отвора илјада работни места
 
 
 
 
 

Кипарската Црква отвора илјада работни места (20.05.2013 12:48)

Кипарската Православна Црква планира да започне милионски проект што ќе обезбеди илјада работни места, соопшти Кипарскиот Архиепископ Хризостом.

Во план е изградба на голем хотел на земјиште на Архиепископијата во Пафос и соларен парк во предградието на Никозија.

Архиепископијата, исто така, планира да отвори училишта за англиски јазик во Македонитиси, како и неколку проекти со Русија и Израел.

Архиепископот Хризостом изрази увереност дека, со многу труд, Кипар ќе се врати на патот на закрепнувањето од кризата.

 

Извор: Светигора