Ерусалимската Патријаршија одговори на протестот на Антиохиската Патријаршија
 
 
 
 
 

Ерусалимската Патријаршија одговори на протестот на Антиохиската Патријаршија (17.05.2013 10:07)

Како што и претходно пренесуваа црковните новински агенции, Антиохискиот Патријарх Јован X реагираше откако Светиот Синод на Ерусалимската Патријаршија го избра архимандитот Макариј за Катарски Архиепископ. Според соопштението на Патријархот Јован, Катар и сите арапски земји во Персискиот залив се наоѓаат под јурисдикција на Антиохиската Патријаршија.

„Оваа одлука ненесува длабоки рани врз братскиот однос помеѓу Антиохиската Црква и Ерусалим. Овој чин е направен во критичниот период низ кој моментално минуваат Црквите од Блискиот Исток, кога е загрозен и самиот опстанок на христијаните во регионот“, се истакнува во соопшението.

Во одговорот на Ерусалимската Патријаршија се наведува дека уште во 1996 г. блаженопочинатиот Ерусалимски Патријарх Диодор како свој претставник во Катар го поставил сегашниот Патријарх Теофил III, каде ја основал првата православна црква посветена на св. вмч. Георгиј и св. Исаак Сирин, и дека тој чин тогаш не предизвикал никаква реакција кај Антиохиската Црква. Во пораката се изразува надеж дека недоразбирањето помеѓу двете сестрински Цркви ќе се надмине.

Извор: Светигора