Студентскиот славјански хор од Солун на поклоничко патување во Македонија
 
 
 
 
 

Студентскиот славјански хор од Солун на поклоничко патување во Македонија (14.04.2013 10:48)

На 5 април студентскиот славјански хор „Св. Кирил и Методиј“ од Боголсовскиот факултет при Солунскиот Аристотелов унуверзитет тргна на поклоничко патување во Бигорската света заедница во Р. Македонија. Во хорот учествуваат бугарски и македонски студенти кои исполнуваат црковнословенски песнопенија. На патот кон манастирот младите богослови се поклонија во храмовите: „Св. Димитриј“ и „Пресвета Богородица“ во градот Битола. Поклоничкото патување продолжи со посета на светите места во Охрид: манастирот „Св. Климент Охридски“ и храмовите: „Пресвета Богородица-Перивлепта“ и „Света Софија“. Акатистот на Пресвета Богородица беше исполнет во црквата „Св. Богородица“ – Каменско, заедно со псалтот од храмот – Илија Ристески. Студентите се поклонија и во женскиот манастир „Св. Георги“ – Рајчица, кој е метох на Бигорскиот манастир.

Со благослов на архимандрит Партениј, игуменот на Бигорскиот манастир, студентите пееја на сеноќното бдение во чест на Крстопоклоната недела, односно Благовештение. Така хористите ја воспејаа Благата вест за Света Богородивца заедно со манастирското братство.

Солунските студенти на сите служби пееја на црковнословенски јазик.

Целиот хор срдечно ми се заблагодари на старешината при храмот „Света Богородица“ – о. Димче Азески, псалтот Илија Ристески, игуменот на Бигорското братство архимандрит Партениј, на манастирското братство и на сестринството при метохот за топлото добредојде.

 

                                        

 

  

 

                 

 

                 

Извор: Двери.бг