Украинската Православна Црква со свој телевизиски канал
 
 
 
 
 

Украинската Православна Црква со свој телевизиски канал (31.01.2013 11:06)

Митрополитот Киевски и на цела Украина благослови отвoрање на телевизиски канал на Украинската Православна Црква. Лиценцата за дигитална радиодифузија е веќе обезбедена, а се претпоставува дека новиот канал ќе се вика „Образ“, соопшти сајтот на Украинската Православна Црква.

Раководителот на информациско-просветителскиот оддел при Украинската Православна Црква протереј Георгиј Коваленко, коментирајќи за настанот, изјави: „Ние знеме дека отворањето на општоцрковен телевизиски канал е тешка и одговорна работа. Но тоа е насушно и неопходно. Се надеваме дека со заеднички сили, Божја помош, и по молитвите на нашиот Поглавар, ќе бидеме удостоени со создавање на црковна, соборна телевизија, и со тоа на светот ќе му го покажеме вистинското лице на Црквата“.

Извор: Светигора