Во последните три години се отворија 12 нови црковни центри за рехабилитација на наркозависници во Русија
 
 
 
 
 

Во последните три години се отворија 12 нови црковни центри за рехабилитација на наркозависници во Русија (28.01.2013 12:54)

Учесниците на секциите во рамките на „Божикните читања“, коишто се одржаа на 25 јануари на Московскиот државен универзитет за технички науки „Бауман“, дискутираа за резултатите од мониторинг-службите на Црквата во сферата на рехабилитацијата на наркозависниците и перспективата на црковната помош за наркоманите, соопшти Диакония.ru.

Епископот Касимовски и Сасовски Дионисиј, којшто ја отвори работата на секцијата, рече дека откако на 26 декември 2012 г. Светиот Синод усвои концепт-документ „За учество на Руската Православна Црква во рехабилитацијата на наркозависниците“ помошта кон истите стана задолжителен дел на пастирската служба.

Создавањето единствен систем за помош на наркозависниците е клучната задача на раководителот на Координативниот центар за борба против дрогата игумен Методиј (Кондратев). 59 црковни центри за рехабилитација се способни истовремено да прифатат 1000 наркозависници. Најголемиот дел од центрите се наоѓаат на територијата на Сибирскиот федерален округ (15), Централниот (13), Северо-Западниот (9). Повеќето центри (39) се наоѓаат надвор од градовите. Отец Методиј кажа дека за последните 3 години се отворени 12 нови центри за рехабилитација и дека нивниот број во блиска иднина треба да се зголемува. Рехабилитационата програма во црковните центри трае 1 или 1,5 година. Поголемиот дел од трошоците се покриени од приватни донации, а износот на државната помош не надминува 1%. Во 20 центри има адаптациони станови, бидејќи повеќето од нив работат со семејства зависници.

Извор: Православие.ру