Во Украина еден месец ќе престојува плаштаницата на Пресвета Богородица
 
 
 
 
 

Во Украина еден месец ќе престојува плаштаницата на Пресвета Богородица (10.09.2012 13:20)

На молба на Неговата Блаженост Митрополитот Владимир и со благослов на Ерусалимскиот Патријарх Теофил III, од 19 септември до 19 октомври, во Украина ќе престојува плаштаницата на Пресвета Богородица.

Ова се наведува во писмото до Неговата Блаженост Митрополитот Владимир од Ерусалимскиот Патријарх Теофил III: „Ние би сакале да Ве информираме дека го даваме нашиот благослов плаштаницата да пристигне во Украина, во среда 19 септември 2012 г. и да остане во Вашата земја до петок 19 октомври 2012 г. Пресвета Богородица нека Ве благослови и заштити Вас и украинскиот народ“.

Сега плаштаницата на Пресвета Богородица се наоѓа во Ерусалим, во предворјето на Гетсиманската заедница, наречена Мала Гетсиманија, која се наоѓа спроти влезот во црквата на Господовиот гроб. Во оваа мала црквичка таа се чува десно од олтарот.

Плаштаницата ќе помине низ 12 градови во Украина.

Извор: Православие.ру