На порталот Патриархия.ru се постави интерактивна карта на институциите во странство при Руската Православна Црква
 
 
 
 
 

На порталот Патриархия.ru се постави интерактивна карта на институциите во странство при Руската Православна Црква (08.09.2012 11:47)

На официјалниот сајт на Московската Патријаршија се објави интерактивна карта на црквите и институциите при Руската Православна Црква, кои се наоѓаат во странските земји, соопшти Патриархия.ru.

Интерактивната карта во себе ги вклучува основните информации за епархиите, парохиите, манастирите, претставништвата, црквите и идните објекти на Московската Патријаршија (вклучувајќи ги и институциите при Руската Задгранична Црква) низ целиот свет. Покрај географските локации и називи, на картата може да се види кратка информација за секој објект, со можност да се утврди неговата местоположба со помош на популарните услуги со мапи од Google, Wikimapia и OpenStreetMap.

Проектот беше спроведен од страна на Одделот за институции во странство при Московската Патријаршија, редакцијата на порталот Патриархия.ru и со техничка поддршка од IT компанијата Stack Group.

Извор: Православие.ру