Еколошка порака на Патријархот Вартоломеј
 
 
 
 
 

Еколошка порака на Патријархот Вартоломеј (05.09.2012 15:35)

Неговата Светост Патријархот Костантинополски Вартоломеј веќе со години објавува соопштенија за заштита на природата. Во своето послание на почетокот на новата црковна година, 1 септември, тој вели: „Боже, Ти Кој ја создаде вселената и од Земјата направи совршено место за живот на човекот, ни подари заповеди и можност да го зголемуваме, умножуваме и исполнуваме созданието, владеејќи со животните и растителниот свет. Овој свет кој нѐ опкружува ни го даде нашиот Творец како подарок, како поле за заеднички активности, но и за духовно осветување, за да го наследиме создаденото, кое во иднина ќе биде обновено. Ова отсекогаш било богословското гледиште на светата Христова Црква и тоа е причината заради која ги преземавме еколошките мерки, во име на светиот вселенски трон, за заштита на нашата планета, која веќе долго страда од нас, свесно или несвесно.“

Патријархот Вартоломеј пред две децении го прогласи 1 септември за Ден на молитва за заштита на околината.

 

Извор: Светигора