Се упокои духовниот водач на Коптската црква
 
 
 
 
 

Се упокои духовниот водач на Коптската црква (18-03-2012)

Во Каиро, на 89-годишна возраст почина духовниот водач на Коптската црква, Александрискиот папа и патријарх Шеунда III. Тој беше 117 поглавар на Коптската црква. Роден како Назир Гајед на 3 август 1923 г., завршил богословско образование, а потоа станал монах со име Антониј и неколку години се повлекол во пустина кадешто живеел како отшелник (испосник). Во 1962 г. тогашниот патријарх Кирил VI го ракоположил за епископ со име Шеунда и му ја доверил грижата за богословското образовение на целата нивна црква. Патријархот Шеунда раководи со Коптската црква од 1971 г. Беше посветен духовник, со мало чувство за хумор и постојана загриженост за верниот народ. Во годините кои следеа секоја седмица беседеше во Каиро и Александрија пред илјада духовници и мирјани и потоа одговараше на прашања од богословска и пастирска природа, поставени писмено по беседите. Издадени се стотина книги со негови беседи и богословски трудови. За коптите, св. апостол Марко е прв поглавар на нивната црква, којшто според Преданието во Александрија ја основал првата христијанска заедница. Во последно време здравјето му беше сериозно влошено и Шеунда III често патуваше за САД поради здравствените проблеми. Египетските копти се најголема христијанска заедница на Блискиот Исток. Според различни извори тие сочинуваат од 6% до 10% од 85-милионското население на земјата. Само во Каиро има 163 коптски цркви. Сите древни манастири во Египет, кадешто се родило и развило христијанското монаштво, сега се одржуваат од многубројните коптски монашки заедници. Коптите имаат сопствен црковен календар, а броењето на годините им започнува од 284 г. Под влијанието на католичките мисионери околу 2% од членовите на црквата го признаваат првенството на Римскиот папа и создаваат Коптска католичка црква. Во денешно време членовите на Коптската црква се 15 милиони низ целиот свет. Под неа припаѓа и автономната Британска православна црква, основана во 1866 г. како ќерка формација на Сириско-јаковитската црква.