Ерусалимскиот Патријарх Теофил во посета на Кипар
 
 
 
 
 

Ерусалимскиот Патријарх Теофил во посета на Кипар (15.02.2012)

На 10 февруари започна посетата на Ерусалимскиот Патријарх Теофил на Кипар. На аеродромот во Ларнака го пречека Архиепископот Хризостом II. На пладне, во чест на поглаварот на Ерусалимската Црква, е одржан свечен прием во архиепископската резиденција во Никозија.

Еден од целите на посетата е разгледување на положбата на христијаните во земјите на Блискиот Исток.

На 10 февруари Патријархот Теофил се сретна со претседателот на Република Кипар Д. Христофас.

На 11 февруари Патријархот Теофил положи камен-темелник на подворје на Ерусалимската Патријаршија кое се гради во Никозија.

На 12 февруари, во недела, поглаварите на Ерусалимската и Кипарската Црква служеа Божествена Литургија во храмот на Света Софија во никозискиот кварт Строволос.

 

                  

Извор: Romfea.gr