Бугарската Православна Црква одбележа 39 години од востоличувањето на Патријархот Максим
 
 
 
 
 

Бугарската Православна Црква одбележа 39 години од востоличувањето на Патријархот Максим (07.07.2010)

Бугарската Православна Црква одбележа 39 години од интронизацијата на Патријархот Максим, соопштува официјалниот сајт на Бугарската Православна Црква.

По тој повод, во храмот на свети Александар Невски во Софија на 4 јули беше отслужена свечена Литургија, со која чиноначалствуваше Митрополитот Варненски и Великопреславски Кирил. После Литургијата, Патријархот Максим отслужи благодарствен молебен.

Во богослужението зедоа учество архиереите на Бугарската Црква, свештенството на Софија, многубројни верници, кои дојдоа да му честитаат на својот поглавар.

Од името на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, на Патријархот Максим му честиташе јеромонахот Зотик, којшто ја исполнува должноста настојател на Руското подворје во Софија, а од името на Патријархот Даниил, свештеникот Нелуц Опра.

После богослужбата во Синодалната палата беше одржан свечен прием.

Ловчанскиот Митрополит Максим (Минков) е роден на 29 октомври 1914 година. За Бугарски патријарх е избран на Црковно-народниот собор на 4 јули 1971 година. Од 109 избирачи за него гласаа 101. Веднаш после гласањето, тој беше востоличен во патријаршискиот храм на свети Александар Невски во Софија.

 

          

 

 

Извор: Седмица.ру