Рускиот Патријарх Кирил загрижен поради недоволното ниво на „канонската свест“ во манастирите
 
 
 
 
 

Рускиот Патријарх Кирил загрижен поради недоволното ниво на „канонската свест“ во манастирите (24.12.2009)

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ги повика жителите и раководствата на манастирите да бидат повеќе освестени.

„Проблемот на современиот живот на манастирите е недоволното ниво на канонската свест на жителите и дури на раководителите на монашките заедници. Тоа може да доведе до автономизација на манастирските дејности, која не е полезна ниту за манастирите, ниту за епархиите во целост“ - изјави Патријархот во среда на годишното епархиско собрание на духовништвото на Москва во храмот на Христос Спасителот.

Тој истакна дека манастирите се должни „одново да станат центри на духовно обновување на народот Божји“, а монаштвото е должно не само духовно да раководи „туку и да биде за мирјаните вистински пример на цврста и непоколеблива вера, чистота на срцето, благочестие, внатрешен оган и подготвеност за богоугодни дела“.

„Затоа апсолутно е недопустливо духот на хедонизмот и практицизмот да продира низ манастирските ѕидини. Недопустливо е при реновирање манастирските простории за жителите и настојателите да се претвораат во комфортните апартмани со пет ѕвездички“ – истакна патријархот Кирил.

 

Тој изрази жалење во врска со тоа што во последните години се намалил бројот на млади послушници во манастирите.

 

„Неопходно е да се возобнови послушништвото, кое би овозможило да се сочува и да се пренесува традицијата на руското монаштво, што е изразено преку навика за послушание, стекнување на смиреномудрие преку потчинување на својата волја на волјата на постариот и опитниот раководител“, - изјави Поглаварот.

 

Известува: Интерфакс