Позитивна средба на Московскиот патријарх Кирил со Грузискиот патријарх Илија
 
 
 
 
 

Позитивна средба на Московскиот патријарх Кирил со Грузискиот патријарх Илија (08.11.2009)

Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил за време на неговата посета на Азербејџан се сретна со Патријархот на Грузија Илија.

Средбата на двајцата Претстоители се оствари во палатата "Гулистан" во Баку, веднаш по отворањето на симпозиумот:"Меѓуконфесионален дијалог: од взаемно разбирање до соработка" на кој учествуваа и двајцата Претстоители.

На средбата од страна на Грузиската Патријаршија учествуваше Митрополитот Зукдидски и Чаишки г. Герасим, а од страна на Московската Патријаршија заменикот Претседател на Одделот за надворешни односи Протоерејот Николај Балашов.

Претстоителот на Руската Православна Црква, подарувајќи енколпија ја изрази почитта и приликата што се среќава со Грузискиот Патријарх г. Илија, бидејќи дискутираа прашања поврзани со односите помеѓу Црквата и народите на двете земји.

"Ова е прва средба со вас после мојот избор на Патријаршискиот трон на Црквата на Русија. Ви благодарам за вашите молитви на денот на мојата интронизација", нагласи Патријархот Кирил.

Од своја страна Патријархот Илија му подари на Московскиот Патријарх една енколпија и книгата "Сончевосветла Ноќ" која беше издадена за 30 годишнината од неговото назначување на Патријаршискиот трон на Црквата на Грузија. Исто така, тој нагласи дека "односите на Русија и Грузија се братски и ништо не може да ги разниша".

Во неговите изјави, по завршувањето на средбата, Протоерејот Николај Балашов нагласи дека двајцата Претстоители ја изразиле увереноста дека "пријателството, взаемното разбирање и братските односи на двете Цркви претставуваат гаранција за повторно комплетно воспоставување на односите помеѓу двете држави".

О. Николај Балашов наведе дека уште едно прашање кое Патријархот Московски Кирил го дискутирал со Патријархот на Грузија Илија нил и црковниот живот во Абхазија и во Јужна Осетија.

"Ќе ги продолжиме нашите разговори во врска со ова прашање, но и во врска со други прашања од взаемен интерес на Руската и Грузиската Црква", нагласи на крај о. Николај Балашов.

 

 

     

 

Извор: Romfea.gr