Се упокои Старец Јосиф Ватопедски
 
 
 
 
 

Се упокои Старец Јосиф Ватопедски (01.07.2009)

Старец Јосиф Ватопедски, еден од најголемите современи православни светогорски старци се упокои на 1 јули 2009 година во 2.30 часот наутро.

Многумина го сметаат за современ светител кој подигна големо братство со благослов на старец Јосиф Исихастот. Старец Јосиф Ватопедски роден е на 1 јули 1921 година, на празникот на светите бесребреници Козма и Дамјан (нов стил). После упокојувањето на неговиот старец Јосиф Исихастот, се пресели во скитот на Светите Бесребреници. Светите Козма и Дамјан беа негови заштитници, на чиј ден се и упокои. Опелото се отслужи денес во 18.00 во Манастирот Ватопед на Света Гора.

Извор: Romfea.gr