XIII Серуски народен собор во Москва
 
 
 
 
 

XIII Серуски народен собор во Москва (05.05.2009)

Во рамките на XIII Серуски народен собор на 23 мај ќе се одржи средба меѓу Патријархот Московски и на цела Русија Кирил и младината од Москва на најголемата спортска арена од спортскиот комплекс „Измјалово“.

 

„Ова е прва средба од ваков облик на Неговата Светост со младината, на која Патријархот ќе им се обрати на младите луѓе, студентите на градот Москва, а потоа во слободна форма ќе одговори на нивните прашања“, соопшти секретарот на соборот Олег Ефимов.

 

Според неговите зборови, бројот на учесници изнесува околу пет илјади луѓе.

 

XIII Серуски народен собор ќе биде посветен на темата „Екологија на душата и младината. Духовно-морални причини за кризите и начини за нивно надминување“.

 

Извор: Интерфакс