Романскиот Патријарх Даниел ги пречека моштите на свети Григориј Палама
 
 
 
 
 

Романскиот Патријарх Даниел ги пречека моштите на свети Григориј Палама (02.05.2009)

 

 

Моштите на свети Григориј Палама, донесени од Митрополитот на Верија Пантелејмон, од вчера се изложени за поклонение во патријаршиската катедрала во Букурешт. Моштите беа пречекани од Патријархот Даниел и неговиот викарен епископ Викентиј Плоештски, после отслужената Божествена Литургија. Моштите на големиот православен светител Григориј Палама ќе останат и денес за поклонение во параклисот посветен на овој Светител во Политехничкиот факултет во Букурешт, а потоа ќе бидат пренесени во епархијата на Долен Дунав. Таму ќе бидат изложени за поклонение во епископската катедрала во Галац. Моштите пристигнаа во Романија на иницијатива на Романскиот Патријарх Даниел и Епископот на епархијата на Долен Дунав Касијан. Поклонението на нетлените мошти на Светителот е по повод чествувањето на 650 години од основањето на Митрополијата во Влахија и 650 години од смртта на светиот солунски Архиепископ.

Извор: Двери.бг