За претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија е назначен Епископот Виенски и Австриски Иларион
 
 
 
 
 

За претседател на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија е назначен Епископот Виенски и Австриски Иларион (31.03.2009)

На 31 март во Свети Даниловиот манастир се одржа прва седница на Светиот Синод на Руската Црква под претседателство на 16-от Поглавар на Руската Православна Црква - Патријархот Московски и на цела Русија Кирил.

Според зборовите на Патријархот Кирил, на денешната седница на Светиот Синод се разгледуваа прашања поврзани со случувањата во црковниот живот во периодот од последната седница, се презедоа кадровски решенија, и се разгледаа извештаите од работата на синодалните оддели.

Со одлука на Светиот Синод на Руската Православна Црква Епископот Виенски и Австриски Иларион е ослободен од управување со Виенско-Австриската и Унгарска епархија и назначен е за епископ Волоколамски, викар на Патријархот Московски и на цела Русија, и за постојан член на Светиот Синод по должност.

Временото управување со Виенско-Австриската и Унгарска епархија му е доверено на Епископот Егориевски Марко.

Во врска со назначувањето на Епископот Иларион за претседател на ОВЦС, тој исто така е ослободен од должноста управител на претставништвото на Московската Патријаршија при европската меѓународна организација во Брисел.

Со одлука на Светиот Синод од 31 март 2009 година заменици на претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија се назначени протоереј Николај Балашов и свештеник Георгиј Рјабих.

Во домен на работа на протоереј Николај Балашов ќе спаѓаат прашања што се однесуваат на меѓуправославни односи.

 

     

 

Извор: Патриархиа.ру