Грузиски професор ја оспорува теоријата на еволуцијата
 
 
 
 
 

Грузиски професор ја оспорува теоријата на еволуцијата (27.02.2009)

Докторот по биологија, професор Амиран Пирцхалава одржи предавање пред креационистичкото друштво при Грузиската Патријаршија на тема „Критика на теоријата на еволуцијата од позиција на современите достигнувања на биолгијата“.

„Сите живи организми се создадени на ниво на молекуларна биологија: секоја врста е уникатна и изолирана од останатите. Тие не се сврзани едни со други преку карики-посредници. Кај живите организми има промени, настанати од следните фактори: околината, рекомбинирање на гените, мутација и природна селекција. Но промените, предизвикани од овие фактори секако се ограничуваат во границите на конкретната врста и не предизвикуваат формирање на нови видови на живи организми. Постанокот на новите врсти е поврзан со натприродни причини – чудото на Создавањето. Главен знак на креационистичкиот модел на создавањето на светот е постоењето во природата на генетичка разноликост, што структурно одговара на Божјата заповед: „Плодете се и множете се“ – такви се основните тези на трудот на грузискиот научник.

 

Извор: Blagovest-info