На денот кога се навршуваат 80 години на Патријархот Алексиј, молитвено одбележан неговиот спомен во Москва
 
 
 
 
 

На денот кога се навршуваат 80 години на Патријархот Алексиј, молитвено одбележан неговиот спомен во Москва (24.02.2009)

На 23 февруари 2009 година, на денот кога се навршуваат 80 години на блаженоупокоениот Патријарх Алексиј, беше отслужена Божествена Литургија во Благовештенскиот дел на Богојавленскиот соборен храм, каде што се наоѓа гробот на петнаесетиот Поглавар на Руската Православна Црква.

Во храмот присуствуваа соработниците и помошниците на Патријархот, кои работеа со него во текот на многу години, и неговата братучетка Елена Камзол.

По завршетокот на Литургијата Владиката Арсениј отслужи панихида пред гробницата на Неговата Светост Алексиј.

Според зборовите на Владиката, Неговата Светост Алексиј ги учеше сите на љубов, трпение и меѓусебно простување, и затоа, оние кои се сметаат себеси за негови ученици, должни се да одат по тој пат на христијанскиот живот.

 

                 

 

              

 

              

Извор: Патриархиа.ру