Молитвено одбележан именденот на Митрополитот Брегалнички г. Иларион
 
 
 
 
 

Молитвено одбележан именденот на Митрополитот Брегалнички г. Иларион (03.11.2008)

На 03. 11. 2008 година, на празникот на св. Иларион, епископ Мегленски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Лесновското братство и свештенослужители од Епархијата, благоволи во манастирот “Свети Спиридон Чудотворец” – метох на Лесновскиот манастир да отслужи Света Литургија.

По Светата Литургија беше благословен и прекршен празничниот леб во чест на именденот на пастироначалникот на Брегалничката епархија, г. Иларион и беше подготвена празнична трпеза на љубовта.

По повод именденот Митрополитот г. Иларион прими голем број на честитки.

На многаја лета, Високопреосвештени Владико!

 

                                 

 

               

 

              

 

 

Известува: ѓакон Саше Ристов