Цариградскиот патријарх е во Ватикан
 
 
 
 
 

Цариградскиот патријарх е во Ватикан (19.10.2008)

Од вчера Цариградскиот патријарх Вартоломеј е во Ватикан, каде што се одржува собор на римокатоличките епископи. Патријархот Вартоломеј беше поканет од папата Бенедикт XVI да зборува пред синодот на епископите. Свои претставници испратија и други помесни Православни Цркви. Во чест на високиот гостин папата Бенедикт XVI ја смени традицијата и го одржа заседанието во Сикстинската капела, во параклисот на Микеланџело, каде што заседаваат кардиналите при избор на нов папа. Патријархот Вартоломеј говореше на тема „Словото Божјо во животот и мисијата на Црквата“. Патријархот Вартоломеј нагласи: „За првпат му е овозможено на еден Вселенски патријарх да се обрати кон синодот на епископите на Римокатоличката црква, на случување од толку висок ранг, во животот на сестрата Црква. Веруваме дека ова е резултат од дејството на Светиот Дух, којшто ги води нашите цркви кон поблиски и длабоки врски. Тоа е значаен чекор кон востановувањето на полното општење.“ Во говорот Цариградскиот патријарх исто така рече: „Кеносисот на душата и општењето со словото Божјо во животот на Црквата се изобразуваат во житијата на светиите, како жив опит на човечкиот израз на словото Божјо во нашето општество. На тој начин словото Божјо се претвора во тело на Исус, истовремено распнато и прославено.“ Потоа, патријархот Вартоломеј и папата Бенедикт XVI заедно ручаа и разгледаа теми поврзани со дијалогот меѓу источното и западното христијанство.

Известува: Dveribg.net, Romfea