Рускиот патријарх Алексиј II му честиташе на Грузискиот патријарх 45 години архиерејско служење
 
 
 
 
 

Рускиот патријарх Алексиј II му честиташе на Грузискиот патријарх 45 години архиерејско служење (26.08.2008)

Рускиот патријарх Алексиј II му честиташе на Грузискиот патријарх Илија II 45 години епископско служење.

„Од името на Светиот Синод и од целата Руска Православна Црква примете срдечни честитки по повод годишнината од Вашата архиерејска хиротонија“, се вели во посланието на Алексиј II.

Патријархот Алексиј се моли на Бог да му дарува на патријархот Илија „помош во носењето на тешкиот крст во првосвештеничкото служење“, а исто така и да му дарува на духовниот водач на Грузија „здравје, крепост на силите и долгоденствие за добро на Грузиската Православна Црква“.

 

Извор: Патриархиа.ру