Италија ја предава црквата на свети Николај Чудотворец во Бари на Руската Црква
 
 
 
 
 

Италија ја предава црквата на свети Николај Чудотворец во Бари на Руската Црква (21.04.2008)

Градската управа на градот Бари го одобри предавањето на црквата посветена на свети Николај Чудотворец (во која се чуваат моштите на Светителот) и на црковниот метох, на Руската Црква. Решението за предавањето на црквата на свети Николај Чудотворец и нејзиниот метох беше донесено од италијанските власти за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Италија во март 2007 година. Денес сите административни процедури се завршени и во најскоро време Московската Патријаршија ќе стапи со официјално управување на комплексот. На вонредното заседание присуствуваше градоначалникот на Бари Микеле Емилиано. Рускиот амабасадор во Италија Алексиј Мешков исто така зеде учество на заседанието. Градоначалникот Емилиано наскоро заминува за Москва каде што ќе ги потпише документите во врска со предавањето на храмовиот комплекс на Русија.

Извор: Dveri.bg