Александрискиот Патриjарх во посета на Православната Црква на Кипар
 
 
 
 
 

Александрискиот Патриjарх во посета на Православната Црква на Кипар (13.03.2008)

Набастир Кика во НикозијаНеговото Блаженство Теодор II, патриjарх на Александрија и на цела Африка, во периодот од 13-20 март 2008 година, ќе ја посети Кипарската Православна Црква. При посетата Неговото Блаженство Теодор II ќе го придружуваат митрополитите: Павле на Мемфис, Петар на Аксум, Георгиј на Зимбабве и епископот Атанасиј на Цирена. Патријархот и неговата придружба ќе бидат пречекани на аеродромот во Ларнака од Кипарскиот Архиепископ Хризостом II, од членовите на Светиот Синод на Кипарската Православна Црква, од министерот за образование и култура господинот Андреас Димитру, високи лица од Владата на Кипар, од амбасадорот на Грција г. Димитри Ралис и од други официјални личности. Во оваа прилика, во неделата на 16 март 2008 година, Неговото Блаженство Теодор II ќе отслужи Божествена Литургија во црквата посветена на Пресвета Богородица во Никозија, и потоа ќе ги посети манастирите на Кипарската Црква. Исто така, Патриархот на Александрија ќе се сретне во понеделник, на 17 март, со претседателот на Републиката, господинот Димитри Христофиас, во неговата резиденција.

 

Извор: Trinitas.ro