Грчката Црква пренасочува средства заради отворање на центар за лекување од наркозависност
 
 
 
 
 

Грчката Црква пренасочува средства заради отворање на центар за лекување од наркозависност (05.03.2008)

Грчкиот Архиепископ Иероним го сопре проектот за изградба на нов катедрален храм во Атина, што беше во план да се изгради уште пред 10 години, кога катедралната црква во грчкиот главен град пострада од силен земјотрес. Ремонтот и реконструкцијата не беа завршени, кога беше донесена одлука за изградба на нов повеличествен храм.

Архиепископот Иероним ќе пренасочи дел од спонзорските средства за овој храм, како и од средствата за новата синодална палата, кои се проценуваат на вредност од 17 милиони евра, за изградба на голем центар за лекување и превенција на наркозависност, како и за зајакнувањето на дејноста на веќе постоечките помали центри. Распространетоста на наркотиците меѓу младите луѓе е едно од основните удари на грчкото општество, а во Атина овој проблем достигна огромни размери. Неретка глетка на центарот на Атина е амбулантна кола која кон мртвачницата ја превезува жртвата на херионот.

За добротворни цели ќе бидат одделени и средства од продажбата на луксузната лимузина „Крајслер“ на Атинската архиепископија, која беше подарок на блаженоупокоениот архиепиепископ Христодул од познат бизнисмен.

При интронизацијата на новиот Архиепископ истакна дека социјалната дејност на Црквата ќе биде негов прироритет: „Не е можно да се наречеш христијанин и да не тие грижа за болните, за затворените, оние што неправедно страдаат, за голите, за гладните, за бедните, за измачените, за бегалците, за емигрантите, за психички болните. Секој еден страдалник е наш брат. И тоа од една единствена причина: сѐ што правам за овие, кои Христос ги нарече Свои најмали браќа, го правам за Него Самиот“.

 

Извор: Dveribg.net